Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за време на финалето на Завршниот Мастерс се мачеше со повреда. Од таа причина неизвесен е неговиот настап на завршницата од Дејвис купот.
Тој во еден момент од финалето побара и лекарска помош.
– Ќе патувам во Болоња и таму ќе биде донесена одлука за настап, односно ќе видам дали ќе можам да играм. Ќе направам напори се да се рехабилитирам и да го дадам мојот максимум, изјави Алкатраз.
Шпанија за противник го има четвртиот носител Чешка, а мечот се игра на 20. ноември (четврток).
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: