Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели се осврна на поразот (1:4) синоќа Норвешка во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026.
– Нашиот пласман на Мундијалот веќе беше во опасност по поразот во Осло, но денес требаше да играме подобро. По водството се обидовме да постигнеме втор гол, но покажавме слабост, а тоа не смее да се случи повторно. Треба да ги анализираме нашите грешки, бидејќи во одредени моменти треба да дејствуваме пообединето. Сега ќе почекаме на жрепката и се надеваме дека ќе пристапиме кон баражот со сосема поинаков став. Норвешка е висококвалитетен тим, но сепак требаше да играме подобро. Мора да преземеме одговорност и да се подобриме. Ова не треба да биде наше ниво. Можеме и мора да играме подобро, изјави Локатели за „Скај Спорт“.
Италија заврши втора во Група И (18 бода по 8 натпревари) и ќе игра во плејофот. Норвешка е прва (24 бода по 8 натпревари).
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: