Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, се извини за поразот (1:4) од Норвешка во домашен натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
– Прво и најважно, мора да им се извиниме на нашите навивачи, бидејќи 1:4 е тежок резултат. Штета, бидејќи првото полувреме беше многу добро, бевме вистински тим, но најголемото разочарување е што второто полувреме не го достигнавме тоа ниво. Честитки до Норвешка, но ќе мора да ја градиме нашата игра врз прикажаното во првото полувреме, каде што го направивме она што требаше, а потоа имавме сериозни проблеми по паузата. Во второто полувреме паднавме на интензитет и ѝ дадовме простор на Норвешка да игра, изјави Гатузо за „RAI Sport“.
Италијанската репрезентација ќе игра во плејофот за место во финалето на Светското првенство во 2026 година.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: