Априлија ја заокружи сезоната на најдобар можен начин – со целосна доминација на трката за Големата награда на Валенсија. Марко Бецеки стигна до победата по извонредно возење, додека Раул Фернандез го дополни успехот со второто место и му донесе двоен подиум на производителот од Ноале.
Бецеки од самиот старт го контролираше темпото и не дозволи ниту во еден момент да биде сериозно загрозен. Фернандез се обидуваше да го стигне во последните кругови, но мораше да се задоволи со второто место.
На третото место заврши Фабио ди Џанантонио, кој во финишот успеа да се пробие до подиумот и да им ја одземе честа на Дукати во последната трка од сезоната.
Ова е голем резултат за Априлија, која со 1-2 пласман испраќа силна порака за следната година и потврдува дека е подготвена да се бори за самиот врв на МотоГП.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: