Еден навивач предизвика тотален хаос во Манчестер Јунајтед

Во тренинг-центарот на Манчестер јунајтед, Карингтон, се случи вистински хаос откако еден навивач успеал да се протне и да се претстави како нов играч на проба. Настанот предизвикал голема збунетост меѓу обезбедувањето и персоналот на клубот, а медиумите во Англија веднаш го нарекоа инцидентот „скандалозен пропуст“.

Навивачот пристигнал на главниот влез во Карингтон и на обезбедувањето му рекол дека е на списокот за тестирање на нови таленти. Со самоувереност и спортска опрема, тој успеал да помине неколку контроли и да влезе на теренот, каде што дури и разговарал со членови од стручниот штаб.

По неколку минути било откриено дека никој не го очекува и дека не постои никаква проба за нови играчи. Веднаш реагирало обезбедувањето, кое го отстранило од објектот, но снимките од настанот веќе почнале да кружат на социјалните мрежи.

Подоцна било откриено дека станува збор за инфлуенсер кој сакал да сними видео и да направи шега со „влегување во Манчестер јунајтед“. Иако инцидентот заврши без последици, клубот најавил дека ќе ги заостри безбедносните протоколи во тренинг-центарот.

Според англиските медиуми, тренерите и фудбалерите ја прифатиле ситуацијата со доза на хумор, но во клубот сериозно размислуваат како еден навивач успеал да се приближи толку блиску до тимот без официјална дозвола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО