Антоан Гризман повторно покажа зошто е еден од најважните играчи на Атлетико Мадрид. Французинот влезе од клупата и само 28 секунди подоцна постигна гол, со што го реши натпреварот против Леванте кој заврши со 3-1 во корист на „јорганџиите“.
Атлетико поведе со автогол на гостите, но Леванте успеа да израмни во првото полувреме. Во вториот дел, тренерот Диего Симеоне го внесе Гризман, кој веднаш со првиот контакт со топката погоди за ново водство. Во финишот тој повторно беше прецизен и го потврди триумфот.
Со овој гол, Гризман постави нов рекорд во Ла Лига – најбрз погодок постигнат од играч кој влегол од клупата. Атлетико со оваа победа ја продолжи својата борба за врвот на табелата.