Мурињо: Уште не сме елиминирани, верувам во чудо!

Жозе Мурињо останува оптимист и покрај катастрофалниот старт на Бенфика во Лигата на шампионите. По поразот од Баер Леверкузен со 1:0 во четвртото коло, португалскиот тим остана без ниту еден освоен бод и со гол-разлика 2:8, но „Специјалниот“ не ја губи верата во пласман понатаму.

– Јас сум многу поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е јасна – има уште 12 бода во игра, а нам ни требаат околу девет. Ако ги добиеме следните два натпревари, ќе бидеме целосно во игра, изјави Мурињо.

Иако ситуацијата изгледа речиси безнадежна, искусниот стратег верува дека неговиот тим може да направи пресврт во последните кола од групната фаза. Бенфика сè уште има теоретски шанси да се избори за осминафинале, но за тоа ќе мора да одигра перфектно до крајот на групата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО