Луис Суарез нема да игра во клучниот плејоф на Интер Мајами по суспензија од МЛС

Луис Суарез нема да игра во клучниот натпревар од плејофот за Интер Мајами поради суспензија од еден натпревар, објави МЛС. Суспензијата следува по инцидентот во 71. минута од натпреварот против Нешвил, кој заврши со пораз за Мајами (2:1).

Во еден момент, Суарез удри со нога кон противнички играч кој не беше во акција со топката. Судиијата на теренот не досуди директна казна, но дисциплинскиот одбор на МЛС ја оцени постапката како „насилно однесување“ и изрече суспензија за најважниот натпревар на тимот.

Отсуството на Суарез е голем удар за Интер Мајами, бидејќи тој е еден од клучните напаѓачи на тимот. Настапот на Лионел Меси и останатите водечки играчи ќе биде критичен за да го надоместат отсуството на искусниот уругвајски фудбалер.

Суарез веќе има историја на дисциплински казни — претходно оваа сезона доби суспензија од три натпревари по инцидент на финалето од Лига Купот, кога  плукаше кон член на стручниот штаб. Сега пред Интер Мајами е сериозен предизвик да обезбедат успех без еден од своите најискусни играчи во одлучувачкиот момент од сезоната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО