Реал Мадрид наводно постигнал договор со францускиот дефанзивец Дејот Упамекано од Баерн Минхен, објавуваат повеќе извори блиски до клубот.
„Кралевите“ веќе подолго време бараат засилување во одбраната по честите повреди на Алаба и Милитао, а изборот паднал на Упамекано, кој е еден од најконзистентните стопери во Европа во последните години.
Според информациите, Реал веќе има постигнат личен договор со играчот, а останува уште да се финализира договорот со Баерн Минхен. Германскиот шампион е подготвен да го пушти Французинот за сума од околу 50 милиони евра, иако се уште не е исклучена можноста за размена со еден од фудбалерите на Мадрид.
Упамекано пристигна во Баерн во 2021 година од Лајпциг и до сега има одиграно повеќе од 160 натпревари, освојувајќи три титули во Бундеслигата. Со својата физичка сила, брзина и игра со топка, тој се смета за идеален профил за тимот на Карло Анчелоти.
Интерес за 25-годишниот дефанзивец покажал и ПСЖ, но се чини дека Реал Мадрид е во водство и дека трансферот би можел да биде официјализиран уште во текот на зимата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: