Требаше тренерот на Џенова Патрик Виера да добие отказ за тимот да го забележи првиот триумф оваа сезона.
Џенова, под водство на новиот тренер Доменико Кришито, на гостински терен го победи Сасуоло со 2:1.
Џенова по овој триумф избегаа од дното на табелата, сега со шест бода сега се на 18-то место, додека Сасуоло е 11-ти со 13 бода.
Гостите на полувремето заминаа со минимална предност, но Сасуоло израмни преку искусниот напаѓач Доменико Берарди по само две минути игра во вториот дел.
Вредна победа и донесе на Џенова норвешкиот дефанзивец Лео Остигорд, со голот во 93-та минута.