Само Оклахома без пораз од почетокот на сезоната во НБА

Оклахома Сити Тандер е единствениот тим кој сè уште нема пораз во новата сезона на НБА-лигата. Тимот на Марк Дејно посегна по седмата последователна победа, совладувајќи ги Њу Орлеанс Пеликанс со убедливи 137:106.

Најзаслужен за новиот триумф беше Шеј Гилџиус-Александер, кој повторно блескаше со 30 поени, а добар настап имаа и Џејлен Вилијамс со 22 и Чет Холмгрен со 18 поени и 10 скокови. Тандер уште еднаш ја демонстрираа својата офанзивна моќ и тимска игра која ги издвојува од останатите.

Со овој резултат, Оклахома израмни историски старт од 7-0 и ја потврди својата амбиција за висок пласман оваа сезона. Воедно, сите останати екипи во лигата веќе имаат најмалку еден пораз, што уште повеќе го нагласува успехот на младата и талентирана екипа.

„Сè што правиме, го правиме како тим. Немаме его, сите сакаме да победиме и тоа се гледа на теренот“, изјави центарот Исaија Хартенштајн по натпреварот.

Следниот предизвик за Оклахома ќе биде дуелот со Мемфис, каде што ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да останат единствени непоразени во целата НБА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО