НБА лигашот Мемфис му изрече суспензија од еден натпревар на својот најдобар играч, Џа Морант, поради несоодветни коментари по поразот од Лос Анџелес Лејкерс со 112-117.
Морант одигра многу слаб натпревар против Лејкерс, постигнувајќи само осум поени со шут од 3-14, вклучувајќи 0-6 од зад линијата за три поени, а кога го прашаа што се случило за време на натпреварот, тој одговори: Прашајте го тренерскиот персонал.
Откако го повтори истиот одговор неколку пати, уследи новинарско прашањето што требало да се направи поинаку за да се добие натпреварот.
-Искрено, според нив, најдобро ќе беше воопшто да не играв. Тоа беше во основа пораката по натпреварот. Одлично, изјави Морант.
ФОТО: ЕПА