Победи за Синер и Медведев на Мастерсот во Париз

Јаник Синер и Данил Медведев обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Двајцата во вечерните мечеви постигнаа победи.

Синер без поголеми проблеми со 2:0 во сетови го совлада Франциско Серундоло. Многу потешко до победата стигна Медведев, кој со пресврт стигна до триумф откако Лоренцо Сонего поведе со 1:0 во сетови. Вториот сет во тај брејкот го освои Медведев, кој без поголеми проблеми го доби решавачкиот сет.

Во тек е последниот осминафинале меч меѓу: Алеханјдро Давидович Фокина – Александар Зверев.

Утре во четвртфиналето ќе играат: Валери Вашеро – Феликс Оже-Алисимене, Александер Бублик – Алекс Де Минаур, Бен Шелтон – Јаник Синер, додека Медведев ќе игра со победникот од мечот Зверев – Давидович Фокина.

 

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО