Мареска за исклучувањето на Делап против Вулверхемптон: Добивме многу глупав црвен картон

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, се осврна на исклучувањето на напаѓачот Лиам Делап синоќа на гостувањето против Вулверхемптон (4:3) во осминафиналето на англискиот Лига куп.

– Добивме многу глупав црвен картон, што беше непотребно. Секако, тоа беше глупав фаул и можеме да го избегнеме. Непријатно е кога добивате црвен картон како денес. Два жолти картони за седум минути. Мислам дека можевме да ги избегнеме и двата, рече италијанскиот менаџер на прес-конференција.

Делап, кој влезе како замена во 61. минута, доби црвен картон во 86. минута. Напаѓачот не успеа да постигне гол на четири натпревари во сезоната 2025/26.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО