Арсен Венгер жестоко по Барселона: „Реал играше како мажи, тие беа момчиња!“

Легендарниот тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид со 2:1 над Барселона како „дуел на мажи против момчиња“.

„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“, ја контролираше играта и одбраната, и со тој успех си создаде пет-бодова предност на врвот во Ла Лига.

Венгер потенцираше:

– Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона.

– Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО