Видео: Остин Ривс постигна 51 поен – Лејкерси победија во Сакраменто

Лос Анџелес Лејкерс славеа победа во Сакраменто со 127:120, иако настапија без Леброн Џејмс и Лука Дончиќ. Во нивно отсуство, Остин Ривс одигра натпревар за паметење, постигнувајќи 51 поен, 11 скока и 9 асистенции. Со ова, тој стана само четвртиот играч во последните 40 години кој постигнал најмалку 50 поени, 11 скока и 9 асистенции во еден натпревар, по Лука Дончиќ, Расел Вестбрук и Џејмс Харден.

Ривс беше на само едно додавање од дабл-трипл со 50 поени, што го прави уште поимпресивен неговиот настап. Тој исто така постигна 21 од 22 слободни фрлања, што е извонреден учинок.

Поддршка за Ривс дојде и од Деандре Ајтон, кој постигна 22 поени и 15 скока, и Руи Хачимура со 18 поени. Кај Сакраменто, најдобар беше Зак Лавин со 32 поени, додека Демар Дерозан додаде 21 поен, а Денис Шрудер имаше дабл-дабл со 18 поени и 12 асистенции.

Со оваа победа, Лејкерси го подобрија својот скор на 2-1 во сезоната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО