Реал го доби дербито: 2:1 над Барселона на „Бернабеу“

Во 191-то издание на Ел Класико, Реал Мадрид вечерва на домашен терен ја победи Барселона со резултат 2:1.

Натпреварот започна со контроверзи – веќе во 2. минута судијата досуди пенал за Реал врз основа на фаул од Ламин Јамал над Винисиус, но ВАР ја поништи пресудата.

Околу 12 минути подоцна, Мбапе, по прецизно додавање од Белингам, реализираше сам пред Шчесни и донесе водство за домаќините.

Барселона одговори во 38. минута преку Фермин Лопез, користејќи грешка во играта на Реал и донесе израмнување.

Само четири минути подоцна, Белингам врати предност со гол со кој Реал замина на пауза во водство.

Во второто полувреме, Шчесни блескаше со интервенции: во 52. минута одбрани пенал на Мбапе, а на крајот на мечот спречи и обид на Родриго од слободен удар во 98. минута.

Барселона се обидуваше да притисне, ја имаше иницијативата, но не успеа да создаде квалитетни шанси за израмнување.

Со овој триумф, Реал стекна важна предност и оддалечи Барселона на пет бода на табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО