Манчестер Јунајтед го запиша својот трет последовен триумф во Премиер лигата, откако во рамките на 9. коло го совлада Брајтон со 4:2.
Домаќините поведоа уште рано со гол на Матеус Куња, кој со прецизен шут од околу 20 метри совлада гостинскиот голман.
Потоа, во 34. минута, Касемиро уфрли удар што, по несреќна реакција на дефанзивец на Брајтон, се одби во мрежата, зголемувајќи ја предноста.
Во второто полувреме, Мбумо донесе смиреност на Јунајтед со трет гол во 61. минута.
Гостите, сепак, не се предадоа — во 74. минута Дени Велбек намали на 3:1, додека младата надеж Костулас во 92. минута донесе надеж за преокрет за Брајтон.
Но само минута подоцна,Мбумо со својот втор гол на натпреварот ја „затвори“ победата за Јунајтед, за конечни 4:2.
Со оваа победа, Манчестер Јунајтед се искачи на 4. место со 16 бода, додека Брајтон е на 11. позиција со 12 бода.