Дончиќ со спектакуларни 49 поени ја декласира Минесота!

Словенечкиот ас Лука Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар и со 49 поени ја предводеше својата екипа до убедлива победа против Минесота Тимбервулвс – 128:110.

Дончиќ буквално доминираше на паркетот – покрај 49 поени, запиша и 11 скока и 8 асистенции, при што повторно покажа зошто е еден од најкомплетните кошаркари во лигата. Неговото шоу започна уште од првата четвртина, кога постигна 18 поени и го постави тонот на натпреварот.

Покрај него, одличен настап имаа и Остин Ривс со 25 поени и 11 асистенции, како и Руи Хачимура кој додаде 23 поени.

Кај поразените, Ентони Едвардс беше најдобар со 31 поен, а Џулиус Рендл придонесе со 26, но Минесота немаше решение за расположениот Дончиќ.

Со оваа партија, Лука уште еднаш испрати јасна порака – подготвен е за сезона во која може да биде МВП кандидат број еден.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО