Ерлинг Халанд собори рекорд на Кристијано Роналдо

Норвешкиот напаѓач  Ерлинг Халанд повторно го привлече вниманието на фудбалскиот свет. Со последниот погодок во дресот на Манчестер Сити, Халанд стигна до 100 постигнати гола за клубот — и тоа за само 105 натпревари, со што го изедначи рекордот на легендарниот Кристијано Роналдо, кој истото го направи во дресот на Реал Мадрид.

Овој неверојатен податок уште еднаш ја потврдува ефикасноста на норвешкиот ас, кој веќе во својата трета сезона во Англија поставува стандарди што дури и најголемите фудбалски имиња тешко ги достигнуваат.
Халанд, кој има само 25 години, продолжува со константни настапи и ја зголемува предноста пред останатите напаѓачи во Премиер лигата.

Фудбалските аналитичари предвидуваат дека, ако продолжи со вакво темпо,Халанд би можел да ги урне сите постојни рекорди на Роналдо и Меси во следните неколку сезони.

-Она што Халанд го прави е историско. Тој не само што постигнува голови, туку ги редефинира границите на модерниот напаѓач, коментираа од британскиот Скај Спорт.

Следниот предизвик за Сити и Халанд е викенд дуелот со Тотенхем, каде што норвешкиот „чудотворец“ има можност да го надмине Роналдо и да стане најбрзиот играч со 100+ голови во историјата на европските лиги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО