Реал Мадрид би можел да влезе ослабен во дербито со Барселона, бидејќи младиот дефанзивец Дин Хаусен е под знак прашалник за настап во големото „Ел Класико“.
Хаусен сè уште не се опоравил целосно од повредата поради која го напушти кампот на шпанската репрезентација за време на паузата. Првичните прогнози беа дека ќе паузира од 10 до 15 дена, но досега не се приклучил на тренинзите со остатокот од тимот.
Ова претставува дополнителен проблем за тренерот Чаби Алонсо, кој и онака се соочува со кадровски маки во одбраната. Антонио Ридигер е надвор од составот, а Давид Алаба го почувствува мускулот и го напушти натпреварот против Хетафе на полувремето.
Во случај Хаусен да не биде подготвен, можно е Реал да настапи со Едер Милитао и Раул Асенсио во центарот на одбраната.
Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во недела од 16:15 часот, а „кралскиот клуб“ ќе чека до последен момент за да дознае дали ќе може да смета на младиот стопер.