Во последните неколку дена, британските медиуми шпекулираа дека поранешниот менаџер на Ренџерс и легенда на Ливерпул, Џерард, бил главен кандидат за клупата на шкотскиот гигант, но разговорите не довеле до договор.
Ренџерс се реши за друго решение – искусниот стратег Кевин Рол, кој досега беше дел од тренерскиот штаб, ќе го преземе тимот и ќе ја води екипата до крајот на сезоната.
Според соопштението на клубот, целта е стабилизирање на резултатите и враќање на Ренџерс во борба за титулата во .
-Му благодариме на Џерард за интересот и коректните разговори, но сега сме целосно фокусирани на иднината со Рол, стои во изјавата на клубот.
Навивачите на Ренџерс се надеваат дека новиот тренер ќе успее да ја врати мотивацијата на тимот и да ја подигне играта на повисоко ниво по серијата непосакувани резултати.