Тренерот на Њукасл, Еди Хау, во пресрет на натпреварот во Лигата на шампионите зборуваше за својот колега ****, кого го опиша како вистински визионер и една од најголемите фудбалски личности на модерното време.
– Секогаш сум му се восхитувал на Мурињо. Тој секогаш имаше јасна визија, знаеше како да создаде победнички менталитет и да извлече максимум од своите играчи, изјави Хау.
Тој додаде дека Мурињо оставил огромно влијание врз современиот фудбал и дека неговиот пристап кон тактиката и психологијата на играта бил нешто сосема ново во времето кога тој се појави.
– Жозе знаеше да прави работи на свој начин, да ги менува трендовите во фудбалот. Многу млади тренери, вклучително и јас, научивме многу од неговите методи. Тој е вистински визионер, изјави стратегот на Њукасл.
Хау истакна дека Мурињо не само што освоил трофеи со сите клубови кои ги водел, туку и создал специфичен тренерски стил кој и денес се чувствува кај многу нови генерации тренери.
– Тоа што Мурињо го направи со Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид беше неверојатно. Можеби понекогаш не сите се согласуваат со неговиот пристап, но резултатите зборуваат сами за себе,“ додаде Хау.
Со оваа изјава, англискиот стратег уште еднаш покажа дека ги цени фудбалските умови кои оставиле длабока трага во светскиот фудбал.