Шокантна вест доаѓа од Белград – австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ си заминува од Црвена ѕвезда по само шест месеци. Иако во јули 2025 година потпиша двегодишен договор со српскиот шампион, неговата авантура во Белград завршува многу побрзо од очекуваното.
Клубот не криел дека не е целосно задоволен од неговите настапи, а Арнаутовиќ наводно не се вклопил во системот на тимот. Дополнително, неуспехот на Звезда да обезбеди место во Лигата на шампионите придонел двете страни да бараат решение за раскин на договорот.
Според информациите, постои конкретен интерес од Cercle Brugge, кој е подготвен да го доведе искусниот напаѓач во Белгија. Црвена ѕвезда, пак, не е особено разочарана од можниот трансфер и би прифатила понуда која ќе биде финансиски поволна.
Официјална потврда од клубот сè уште нема, но сите сигнали укажуваат дека Арнаутовиќ наскоро ќе го напушти белградскиот тим.