Дурант стана најплатениот кошаркар на сите времиња

Кевин Дурант и Хјустон Рокетс постигнаа договор за двегодишно продолжување на договорот во вредност од 90 милиони долари, објавува инсајдерот од НБА, Шамс Чаранија. Според информациите, вкупната заработка на американската ѕвезда — од договори, бонуси и спонзорства — ја надмина онаа на сите други играчи во историјата на кошарката.

Дурант, кој моментално настапува за Феникс санс, има зад себе блескава НБА кариера со титули, индивидуални признанија и долгорочни партнерства со најголемите спортски брендови. Овој рекорд уште еднаш потврдува дека тој не е само еден од најдобрите на теренот, туку и еден од највредните имиња во спортскиот свет.

Со овој успех, Дурант ја престигна елитната група суперѕвезди и испиша нова страница во историјата на НБА. Се очекува неговиот рекорд да остане недостижен уште долго време.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО