Фудбалерите на Комо приредија вистинска сензација во Серија А откако како домаќини го совладаа Јувентус со убедливи 2:0.
Домашниот тим поведе уште во 4. минута со погодок на Кемф, што го шокираше гигантот од Торино. И покрај иницијативата на Јувентус, Комо успеа да се одбрани и да го сочува водството. Десет минути пред крајот, Нико Пас погоди за 2:0 и ги потврди трите големи бодови за својот тим.
Со оваа победа, Комо се израмни со Јувентус на табелата — и двата тима имаат по 12 бодови, а битката за врвот станува сè поинтересна.
Овој триумф е еден од најголемите за Комо оваа сезона и јасна порака дека тимот сериозно ќе конкурира во шампионатот.