Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм — само преку специјализирана страница

Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, реши да започне наплата за автограми, со што предизвика поделени реакции кај фановите.

Јамал потпиша договор со специјализирана платформа за спортски сувенири, преку која неговите потписи ќе се продаваат по одредена цена. Со тоа, тој се приклучува на малата група европски фудбалери што комерцијално го ограничуваат својот потпис.

Од клубот нема официјален став, но одлуката на 18-годишниот фудбалер веќе ја отвори дебатата околу тоа дали славата и маркетингот премногу рано го менуваат односот меѓу спортистите и навивачите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО