Фудбалската суперѕвезда Лионел Меси се соочува со неочекуван проблем – може да ја загуби својата луксузна вила на Ибица вредна 11 милиони евра. Причината е што имотот, кој тој го купи во 2022 година, е изграден на заштитено земјиште и нема валидни градежни дозволи.
Активисти од еколошката организација „Futuro Vegetal“ неодамна упаднаа во вилата и ја обоиле фасадата во знак на протест, барајќи почитување на еколошките закони и остро критикувајќи ги нелегалните градби на островот.
Локалните власти ја разгледуваат можноста објектот да биде делумно или целосно урнат доколку не се реши проблемот со дозволите. Засега, Меси и неговиот правен тим не излегоа со официјална изјава.
Случајот предизвикува големо внимание во Шпанија, бидејќи Ибица одамна води битка со нелегалната градба и прекумерниот туризам.