Челзи заинтересиран за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Челзи покажува сериозен интерес за ангажман на Sergej Milinković-Savić како слободен играч, објави „Кориере дело Спорт“.

Англискиот клуб сака да го доведе српскиот репрезентативец без трансферна оштета, што би ја олеснило реализацијата на евентуален договор.

Милинковиќ-Савиќ во моментов настапува за Ал Хилал, а интерес за него покажува и Јувентус. Српскиот играч дојде во Ал Хилал во 2023 година за 40 милиони евра, а досега има одиграно 102 натпревари со учинок од 30 голови и 26 асистенции.

 Претстојниот преоден рок би можел да биде клучен за неговата идна кариера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО