ГРК Охрид убедливо до третото коло на Европскиот Куп

Ракометарите на Охрид ја потврдија својата надмоќ и на реванш-натпреварот против азербејџански Баку, славејќи со убедливи 38-21, по триумфот на првиот меч со високи 44-11.

Со тоа охридскиот состав без никакви проблеми ја обезбеди следната фаза во европското натпреварување.

Иако тренерот Борис Ројевиќ настапи со значително изменет состав, без неколку клучни играчи како Ојлески, Чаневски и Иванковиќ, тимот не покажа ниту најмала несигурност.

На клупата останаа и неколку искусни имиња како Стрмљан, Ѓукиќ, Ѓорѓески, Моралес и Лиапис, што овозможи младите охридски ракометари да добијат поголема минутажа и целосно ја искористија шансата.

Давид Савревски беше најпрецизен со девет погодоци, а веднаш зад него беа Кукуловски и Шипинкоски со по седум постигнати гола, додека кај Баки, Камран Мамадов имаше вкупно осум реализации.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО