Франција остана без НБА центарот до крајот на ЕП

Францускиот кошаркар Алекс Сар ќе го пропушти остатокот од Евробаскетот поради повреда.

Француската федерација потврди дека 20-годишникот ќе отсуствува неколку недели поради повреда на листот.

Сар се повреди на натпреварот против Словенија (103:95), а веќе го пропушти и натпреварот со Израел.

Тој имаше просек од 9,5 поени, 4,5 скока и една блокада во два настапи на Евробаскетот.

Тој игра за Вашингтон и имаше просек од 13 поени, 6,5 скока, 2,4 асистенции и 1,5 блокади во 67 НБА натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО