Македонскиот фудбалер Бојан Миовски и официјално е нов член на Глазгов Ренџерс.
По една сезона мината во Шпанија македонскиот фудбалер се враќа во Шкотска и во следните четири сезони ќе го носи дресот на култниот клуб од Глазгов.
Миовски ја даде првата изјава за клупскиот сајт откако потпиша со новиот тим.
-Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој тим. Бев возбуден кога ја добив понудата, бидејќи добро го познавам клубот и неговата богата историја. Овој потпис ми значи многу, спремен сум да ја испишан својата историја во овој клуб. Поминав две одлични години во Абердин и среќен сум што се вратив повторно во Шкотска.
Секој чекор кој го правам во кариерата е моја одлука и за доброто на моето семејство. Ќе се обидам да постигнам многу голови, да освојам многу трофеи и да дадам сè од себе за нашите фанови. Ваквото ниво на фудбал за мене не е ништо ново, бидејќи играв големи натпревари со поранешните клубови и со репрезентацијата, исто така постигнав и голови против Ренџерс и Селтик кога играв за Абердин, па се надевам дека ќе продолжам така и тука. Ги запознав сите соиграчи и тие одлично ме прифатија во тимот, вели Миовски.