Повредата на Меси не е сериозна

Фудбалскиот клуб Интер Мајами на својата официјална веб-страница објави дека повредата на Лионел Меси, која Аргентинецот ја заработи на натпреварот против мексиканската Некакса, не е од сериозна природа.

Сепак, сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот и дека неговото закрепнување, како и влегувањето во тренинг, ќе бидат под посебен надзор.

Пред две ноќи, Меси го напушти теренот по само 10 минути.

Почувствува болка во мускулот на десната нога и само седна на тревата, но подоцна беше утврдено дека не е ништо сериозно и дека паузата ќе биде многу пократка од очекуваното.

Но, кога ќе се врати останува прашање. Тој сигурно нема да биде таму во среда на дуелот против УМАС Пумас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО