Пакета не добивал намерно картони – обвиненијата дека местел се отфрлени

Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, е официјално ослободен од сите обвиненија поврзани со наводно местење натпревари и резултати. Веста ја потврди независната регулаторна комисија на Премиер лигата, која по двегодишна истрага ја донесе одлуката во корист на бразилскиот репрезентативец.

Обвиненијата беа покренати во 2023 година, кога Англиската фудбалска федерација (ФА) го сомничеше Пакета за намерно добивање жолти картони, со цел да оствари добивки преку обложување во повеќе странски држави. Меѓутоа, по детална анализа и прибирање на докази, не беше пронајдена директна поврзаност или вина на фудбалерот.

Пакета во текот на целиот процес упорно ја негираше било каква вмешаност, а по денешната одлука е целосно рехабилитиран. Во спротивно, се соочуваше со потенцијална доживотна суспензија од фудбалот.

Бразилецот е дел од Вест Хем од 2022 година, каде што пристигна од Лион. Претходно настапуваше и за Милан и Фламенго. Во минатата сезона одигра 36 натпревари за „чеканите“, постигнувајќи 5 гола. За бразилската репрезентација има вкупно 55 настапи и 11 голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО