Фудбалерите на Струга Трим Љум запишаа рутинска победа од 3-0 над Охрид во последниот тест-натпревар пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот Бледи Шкемби доби јасна слика за формата на своите избраници и изрази задоволство од прикажаната игра. Ласана Диако беше стрелец на првиот погодок во првото полувреме, а во вториот дел во листата на стрелци се впишаа и Компаоре и Арби Воша.
Во рамки на подготовките, Струга ТЛ одигра вкупно седум контролни натпревари, при што забележа четири победи, две реми и само еден пораз – солидна форма пред официјалниот старт на сезоната.
Во првото коло, што ќе се одигра наредниот викенд, стружани на домашен терен ќе го пречекаат составот на Македонија Ѓорче Петров.