Габриел Жесус би можел да направи изненадувачки трансфер ова лето и да се врати во Бразил, каде што интерес за неговиот потпис покажува Фламенго. Тоа би бил негов втор клуб во Јужна Америка по Палмеирас, од каде што и го започна европскиот пат преку Манчестер Сити.
Иако Арсенал го доведе во 2022 година за 52 милиони евра, повредите го спречија Жесус да ја достигне посакуваната форма. За две сезони запиша 96 настапи и оствари 26 голови и 20 асистенции – бројки кои не ги исполнија очекувањата на „топчиите“.
Во моментов, 28-годишниот напаѓач се опоравува од нова повреда, а се очекува на терените да се врати дури во средината на ноември. Во меѓувреме, Арсенал веќе обезбеди нов напаѓач во ликот на Виктор Ѓекереш, што дополнително ги намалува шансите Жесус да се избори за место во стартниот тим.
Сепак, и покрај сите шпекулации, трансфер во Фламенго изгледа малку веројатен, особено ако се земе предвид желбата на Жесус да остане во европските лиги и да се натпреварува на највисоко ниво.