И покрај повредата на предните вкрстени лигаменти и големите промени во тимот, иднината на Кајри Ирвинг во Далас Маверикс изгледа стабилна.
НБА инсајдерот Марк Штајн наведува дека засега нема никакви индикации дека Ирвинг ќе го напушти тимот:
-Времето кое Кајри Ирвинг го помина во Далас можеби е засенето од повредата, но неговата улога во тимот и понатаму изгледа сигурна – барем за сега, изјави Штајн.