Нови проблеми за Филаделфија, се повреди Пол Џорџ

Кошаркарот на Филаделфија Пол Џорџ ја заврши својата сезона, пренесува ESPN.  Според информациите станува збор за проблеми со коленото и за него сезоната е завршена.

Сиксерси се дури на 12 позиција на табелата во Источната конференција и со минимални шанси за влез во плеј-офот.

Џорџ одигра 41 натпревар оваа сезона со просек од 16,2 поени, 5,3 скокови и 4,3 асистенции.

Тој е член на Сиксерс од минатото лето, кога дојде од Лос Анџелес клиперс чиј дрес го носеше пет години. Пред тоа играше за Оклахома, како и за Индијана за која настапуваше седум сезони.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО