Пауло Дибала нема да биде во можност да настапи околу еден месец поради повреда на тетивата.
Тоа значи дека и покрај репрезентативната пауза која што е веќе активна од денеска, ќе ги пропушти мечевите против Лече, Јувентус и римското дерби против Лацио.
Покрај Дибала, на Рома ќе и недостасува и десниот бек Девин Ренш, кој заработи повреда на адукторот. Времето за опоравување на холанѓанецот е околу три до четири недели.
Двајцата играчи се очекува да бидат подготвени за натпреварот против Верона на 19 април.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: