Лазаров: Горд сум на момците, горд сум на сите наши навивачи, иако испуштивме една голема победа!

Македонската репрезентација одигра извонреден натпревар на отворањето на Светското првенство 2025, ремизирајќи (27-27) со моќната Унгарија.

Но, Македонија може да жали што испушти триумф во последните 30 секунди од средбата. Токму таков е и впечатокот на селекторот Кире Лазаров кој и тоа како е задоволен од големото реми, но нагласи по мечот дека може да жалиме што испуштивме триумф…

 

„Треба да бидеме задоволни од еден ваков резултат иако можам да кажам дека пропуштивме победа, и може да жалиме што бевме толку блиску до еден голем триумф а го испуштивме. Но, неискуството на нашите играчи што не влегоа во фаул во последниот напад. Можеби требаше и покасно да повикам тајм-аут, но тоа е што. Унгарија беше блиску до медал на ЕП и учестуваше на ЛОИ и затоа сум горд на моите момци и на цела Македонија, бидејќи без навивачите и цел македонски народ немаше да го направиме ова денеска. Јас имам многу поминато во кариерата и затоа треба да бидеме мирни и само да се одмориме. Да не очекуваме ништо и само да се бориме. Ако се бориме како денеска, резултатот сам ќе си дојде. Холандија е многу побрза репрезентација од Унгарија, така што очекувам многу потежок натпревар“, изјави Лазаров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО