Лука Јовиќ се сели кај својот поранешен тренер Ади Хитер

Лука Јовиќ до крајот на зимскиот преоден рок, како слободен играч, ќе го напушти Милан. Клубот од „Сан Сиро“ не бара обесштетување, целта е да се ослободи од платата на Јовиќ.

Лука Јовиќ ќе се пресели во Монако, по иницијатива и желба на тренерот на клубот, австрискиот стручњак Адолф Хитер.

Според „Танјуг“, заемен интерес има, преговорите се при крај, а реално е да се очекува наскоро и официјална промоција.

Јовиќ поради Хитер и Монако одбил понуди од Италија, Англија, Шпанија и Дубаи.

Српскиот фудбалер имаше добра соработка со Хитер во Ајнтрахт Франкфурт. Во Анјтрахт играше во извонредна форма, што му овозможи тренасфер во Реал вреден 63 милиони евра.

Хитер е тренер на Монако од 2023 година, а претходно ги водеше Борусија Менхенгладбах, Ајнтрахт, Јанг Бојс, Салцбург, Гредиг и Алтах.

Јовиќ (27) е член на Милан од 2023 година, а претходно играше за Фиорентина, Ајнтрахт, Реал, Бенфика и Црвена звезда.

За српската репрезентација одигра 42 натпревари и постигна 11 голови.

Монако моментално е трет во француската Лига 1 со 31 бод од 17 натпревари, пет зад Олимпик Марсеј и 12 зад лидерот Пари Сен Жермен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО