Јанакопулос му нуди богатство на Нан, сака во ПАО да го донесе и Мициќ

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ.

Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за да го продолжи договорот.

Според информациите со кои располага грчкиот „Спортдо“г, Јанакопулос на поранешниот играч на Мајами ќе му понуди тригодишен договор вреден повеќе од 20 милиони евра, што би бил апсолутен рекорд во елитното европско натпреварување.

Доколку тоа се случи, Нан би заработувал околу седум милиони евра по сезона.

Претседателот и извршен директор на фармацевтската компанија „Вианекс“ со овој чин сака да му докаже на својот најдобар играч колку го цени и го сака во својот тим во годините што доаѓаат.

Најдобриот стрелец оваа сезона во Евролигата игра фантастично. Во претходните пет натпревари тој постигнуваше 25 или повеќе поени по натпревар, израмнувајќи го рекордот на Милош Вујаниќ, Дејан Томашевиќ и Кит Ленгфорд.

Синот на легендарниот претседател на „зелените“, Павлос Јанакопулос, планира значително да ја засили и онака силната надворешна линија со српскиот репрезентативец од Шарлот Хорнетс, Василије Мициќ.

Мициќ има загарантиран договор со Шарлот до крајот на сезоната. Реално е франшизата од Северна Карлоина да не му понуди нов договор.

Во тој случај би се зголемиле шансите да се пресели во грчката престолнина.

Сопственикот на „зелените“ би морал да ја покрие платата од околу четири милиони долари. Доколку се реализира ова сценарио, логично е Панатинаикос да се откаже од Лоренцо Браун.

Натурализираниот Шпанец има плата од два милиони евра по сезона.

Василије Мициќ оваа сезона во најсилната лига на светот бележи просек од 7,1 поен, 2,3 скока и 3,6 асистенции, со 33 отсто успешност од поле.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО