(Видео) „Граѓаните“ заборавија да победуваат – Евертон освои бод на „Етихад“

Манчестер сити продолжува да тоне. Сити на Боксинг Деј не успеа да го победи Евертон, натпреварот заврши без победник 1:1 (1:1). Трагичар е Ерлнг Халанд, чиј пенал го одбрани Џордан Пикфорд.

Факт за рубриката „верувале или не“ е дека Манчестер сити има само една победа, три нерешени и девет порази во последните 13 натпревари во сите натпреварувања.

За Сити натпреварот почна добро, бидејќи Бернардо Силва погоди во 14. минута за водство од 1:0. Но, еден гол не беше доволен да ја зголеми самодовербата, Евертон успеа да изедначи со голот на Ндиај во 36-та минута.

Во 53. минута беше досуден пенал за Сити, но Пикфорд го прочита Халанд. До крајот Сити не успеа да создаде посериозна шанса за гол, а најдобрата можност ја имаше Рико Луис во финишот, но неговиот удар заврши над голот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО