Фудбалерот на Ливерпул Коди Гакпо се надева дека неговиот соиграч Мохамед Салах ќе го продолжи договорот и ќе остане во клубот.
Договорот на Египќанецот со „црвените“ истекува на крајот од сезоната, а се уште не му е понуден нов, што со месеци предизвикува различни коментари.
Салах игра во одлична форма оваа сезона, викендов стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој пред Божик успеал да оствари дабл-дабл (15 гола и 11 асистенции).
„Сведочиме на нешто извонредно. Количината на голови што ги постигнува, но и асистенциите што ги дава, начинот на кој игра, како ги става другите напаѓачи или играчи од средниот ред како мене во позиција да постигнуваат голови и да бидат опасни, сето тоа е на високо ниво. Се надевам дека може да продолжи вака уште долго. Имаме голема среќа што го имаме и горди сме што сме негови соиграчи и се трудиме да го направиме уште подобар. И тој се обидува да не направи подобри“, рече Гапко за клупската интернет страница..