Јоан Ришом стана првиот натпреварувач во историјата на „Венди глоуб“ кој го обиколил Ртот Хорн, според најновото ажурирање од организаторите на трката во едрење.
На 23 декември, во 23.27 часот, францускиот капетан го минал последниот од трите главни ртови на оваа едриличарска соло нон-стоп трка низ светот, поставувајќи нов рекорд.
Ришом, натпреварувајќи се со бродот „ИМОКА Папрек Аркеа“ (IMOCA Paprec Arkéa), постави ново време на рутата со време од 43 дена, 11.25;20 часа. Ова е за три дена и 13:9;26 часа побрзо од претходниот рекорд на „Армел Ле Клеч“ (Armel Le Cleac’h), поставен во 2016 година.
Исто така, Ришом постави и нов рекорд за секторот од Ртот Ливин до Ртот Хорн, со време од 13 дена и 9:13;43 часа.
Во моментот кога двата водечки брода се приближија до Ртот Хорн, Французинот беше оддалечен четири, а неговиот главен ривал, сонародникот Шарл Далин осум милји. На крајот, Ришом победи на трката долга 24.400 наутички милји!