„Четирите скокалници“ без трикратниот победник Штох

Полјакот, Камил Штох (37), кој во кариерата трипати победуваше на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, нема да настапи годинава. Штох е еден од шесте скокачи кои триумфирале најмалку трипати во историјата на ова натпреварување.

Штох сам одлучи да нестапи бидејќи смета дека не е подготвен за вака квалитетно натпреварување, па селекторот на полската репрезентација го состави тимот без него.

Досега само Штох, Германецот Свен Ханавалд и Јапонецот, Рјоју Кобајаши во една година победиле на сите четири скокалници, во Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и во Бишофсхофен. На Штох тоа му успеа во сезоната 2017/18.

И покрај слабата форма на стартот од новата сезона, Штох секако заслужува покана за настап  турнејата. Моментално со 57 бода се наоѓа на 28. место во генералниот пласман во Светскиот куп (СК).

Во кариерата има забележано 39 победи, а на подиумот се искачи 80 пати. В сабота со квалификациите во Оберсдорф почнува 73. издание на Новогодишната турнета „Четири скокалници“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО