Двократниот грен слем шампион суспендиран поради допинг!

Австралискиот тенисер, Макс Парсел, двократен грен слем шампион во двојки, призна дека ги прекршил правилата за антидопинг и прифати привремена суспензија во согласност со Тениската антидопинг програма (ТАДП)!

Парсел, кој моментално е 12-ти на АТП-листата за двојки, призна дека го прекршил членот 2.2 од тениската антидопинг програма (користење забранет метод) и побара привремена суспензија на 10 декември.

Суспензијата стапи на сила на 12 декември 2024 година, а времето минато под привремена суспензија ќе се смета во идните санкции.

Парсел моментално е актуелен шампион на САД ппен со Џордан Томпсон, а во 2022 година го освои и Вимблдон. Двапати загуби во финалето на Австралија опен.

„За време на привремената суспензија, на Парсел му е забрането да учествува, да тренира или да присуствува на кој било тениски настан одобрен или санкциониран од членовите на на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА), АТП, ВТА, АО, РГ, Вимблдон, САД опен, или која било национална асоцијација.

Бидејќи постапката е во тек, ИТИА не е во можност да дава дополнителни коментари додека не се заврши“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО