Хесуз Навас (39), легендата на Севилја и на шпанскиот фудбал, и стави крај на спектакуларната кариера. Настапот на десното крило во поразот од Реал Мадрид (2:4) во 18. коло од Ла лига беше 704-ти и последен за матичниот клуб. Навас во Севилја мина вкупно 19 години.
Навас беше член на Севилја од 2001 до 2013 година, кога за 20 милиони евра мина во Манчестер сити, и по враќањето од Англија, во 2017 година па досега. Со Севилја, за која постигна 39 гола и забележа 119 асистенции, Навас четирипати го освои Купот на УЕФА/Лига Европа и двапати „кралскиот куп“.
За Шпанија одигра 56 натпревари, даде пет гола, и 11 асистенции, го освои Светското првенство (СП) 2010 година и Европското првенство (ЕП) 2012 и 2024 година.
Qué momento espectacular en el Bernabeu. Los futbolistas del Real Madrid le hacen pasillo a Jesús Navas.
El Bernabeu aplaude de pie. Y al final, Modric le regala una camiseta firmada por todos sus compañeros.
Honor a quien honor merece.
— Juez Central (@Juezcentral) December 22, 2024
Реал на чело со капитенот Лука Модриќ на достоен начин и со голема почит се збогува со легендата, а Навас буквално беше доведен до солзи.
Фудбалерите на Реал пред натпреварот направија коридор во чест на великанот на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ и му аплаудираа кога минуваше низ него. Тоа беше пропратено со аплауз од публиката на стадионот.
Enhorabuena por tu espectacular carrera. Tu Sevilla y el fútbol español nunca olvidarán todo lo que has hecho. Te llevas el cariño de todo el mundo del fútbol. Te deseo lo mejor en tu nueva etapa. 🤝⚽️ pic.twitter.com/90XYh0YPwK
— Luka Modrić (@lukamodric10) December 22, 2024
Модриќ му подари дрес на Реал потпишан од сите играчи. По мечот, Модриќ на социјалните мрежи му се поклони на својот врсник против кого многупати играше за Реал и за Хрватска.
„Ви честитам за спектакуларната кариера. Вашата Севилја и шпанскиот фудбал никогаш нема да заборават се’ што сте направиле. Ги заслуживте симпатиите на целиот фудбалски свет. Ви посакувам се’ најдобро во новото поглавје од вашиот живот”.
🥹🥹 Jesús Navas rompe a llorar recordando sus últimos minutos como futbolista
📹 @jdelriomuradas pic.twitter.com/QmwCBGt1U4
— MARCA (@marca) December 22, 2024
По сите овие почести на стадионот на големиот ривал, Навас емотивно се распадна пред камерите. „Ова беше спектакл. Никогаш не сум видел вакво нешто да му се прави на играч на противничкиот стадион. Ова е лудост…”, рече Навас и почна да плаче.
Потоа се созеде и продолжи: „Во последните неколку минути од натпреварот не можев да видам ништо. Само гледав во теренот и се потсетував на сите мигови што ги живеев, на радоста што и ја донесов на мојата Севилја и на мојата репрезентација. Усреќив толку многу луѓе и мислам дека тоа е нешто уникатно“.
Luka Modrić with Jesus Navas after the game. 🤍 pic.twitter.com/3SHg1at5tu
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 23, 2024