Леверкузен го збриша Фрајбург, Патрик Шик броеше до 4!

Неверојатна партија на Патрик Шик, напаѓачот на Леверкузен. Имено вечерва чешкиот интернационалец и тоа како се прослави, за 32 минути успеда постигне четири голови и со тоа речиси сам да го победи Фрајбург, на крајот резултатот беше 5:1.

Интересно, Леверкузен на 0:0 имаше пенал, но Флоријан Вирц не успеа да го реализира во таа 33.минута.

И кога се чинеше дека на пауза ќе се оди со тие 0:0, Вирц асистира а Шик стрела за 1:0 во 45+1.минута.

Во второто полувреме Фрајбург се распадна и тоа тотално. Вирц во 51.минута стрелаше за 2:0 а неколку минути подоцна Грифо намали на 2:1.

И тогаш повторно на сцена Шик со три гола до крајот на средбата, од кои два со асистенција на Вирц а еден по додавање на Грималдо за конечни 5:1 во таа 77.минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО