Така е тоа. Ако кај нас нема официјална статистика за тековната сезона и во елитната лига, во некои земји како на пример во Англија, имаат статистика и резултати, за тоа што се случувало пред 136 години во нивната елитна фудбалска лига.
Замислете! А, и не морате…далеку сме ние.
Ова е поради податокот дека Арне Слот, менаџерот или тренерот на Ливерпул израмни рекорд старт 136 години, кога станува збор за англиски клуб.
Тој е првиот тренер кој во првите 24 меча во елитните натпреварувања во Англија и Европа, дошол до 20 победи. Вчера Слот со Ливерпул го победи Саутемптон со 2:1 во рамките на Карабао Купот.
Исто така на првите 24 меча до 20 победи дошол извесен Вилијам Судел со тимот на Престон во сезоната 1888/89.
Е, сега можете да се замислете што се случувало во Македонија во тоа време додека во Англија се играл елитен фудбал за тоа време. Ова е 14-15 години пред Илинденското востание…